Парада на гордоста денеска во Белград

Како што објаснуваат организаторите, Карановиќ ќе ја отвори Парадата поради нејзиното повеќегодишно залагање за почитување и унапредувањето на човековите права во Србија, промоцијата на демократските вредности, толеранцијата и прифаќањето на различностите.

Како што е најавено ќе биде одржана минута молк посветена за ЛГБТ заедницата во целиот свет.

 Учеството на Парадата на гордоста најави и српската министерка за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ, а министерката за ресор Славица Ѓукиќ Дејановиќ рече дека ќе учествува на парадата, доколку обврските и го дозволат тоа.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека на Парадата на гордоста ќе бидат ангажирани доволен број полицајци, кои ќе ја осигураат безбедноста на белградските улици.

– Ова и натаму е собир од висок ризик и сакам да ги замолам сите сограѓани да се воздржат од насилства. Важно ни е никој да не мисли дека со уривање и палење на градот и судири со полицијата ќе се постигне некаков ефект, истакна Стефановиќ.

Првата Парада на гордоста е организирана во 2001 година, кога учесниците ги претепа група хулигани. Од тогаш до денеска поради безбедносни причини надлежните ја откажуваа три пати.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e