Момчето од ОУ „Владислав Рибникар“ пребледело и седнало кога ја видело мајката на момчето кое било убиено вo училиште. Врз основа на тврдењата на лекарите и старателите – работници од Центарот за социјални работи, може да се заклучи дека на момчето убиец му се качува притисокот кога ќе почувствува емоционален набој.
За време на сведочењето, кога мајката на убиеното момче почнала да му поставува прашања, момчето почнало кратко да дише и пребледело, поради што морале да реагираат лекарите кои биле присутни на судењето.
„Наводно, борбата со емоциите му создава и физички проблеми во вид на бледило, отежнато дишење, потење“, вели изворот.
Според неофицијални информации, мајката на убиеното момче го прашала убиецот на нејзиниот син „зошто го направил тоа“.
Тој одговорил дека се чувствувал „отфрлен“, вели соговорникот.
Да потсетиме, момчето кое на 3 мај минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска за прв пат откако ги уби невините деца и училишниот чувар се најде лице в лице со семејствата на неговите жртви, но и со неговите родители, со кои од покренувањето на обвинението му е забрането да комуницира, пишува Мондо.
Според информациите, тој на рочиштето посочил дека масакрот го извршил поради неговата мајка која „инсистирала тој да биде најдобар од сите“. Како што се дознава, тој при влегувањето во судницата не ги погледнал своите родители.
Момчето на судењето истакнало дека за се е виновна неговата мајка.
„Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Бидејќи постојано бараше се повеќе од мене, и јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше да го направам тоа што го направив. Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“, изјавил тој.