Осумгодишното дете од Германија повторно возеше автомобил низ автопатиштата

Oсумгодишното момче кое претходно неделава се возеше по германските автопати во возилото на неговата мајка, сега повторно го направило истото возејќи со 180 километри на час. Детето по инцидентот е испратено на психолошко советување.

Германската полиција соопшти дека 8-годишникот ги украл клучевите од „голфот“ околу полноќ и се возел од областа Зоста до Дортмунд, што е на оддалеченост од околу 50 километри.

Случајот го пријавил возач кој во полицијата изјавил дека дете се вози со голема брзина низ градот, а не го интересираат сообраќајните правила и црвеното светло, пренесе АП.

Додека полицијата трагала по возилото, момчето го напуштило градот и се удрило во задниот дел од паркиран камион. Никој не е повреден, но „голфот“ е тешко оштетен, пренесе агенцијата.

Претходно откако момчето за првпат го украде автомобилот, неговата мајка изјави дека тој редовно вози картинг и вежбал да вози вистински автомобил на приватен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e