Осум лица загинаа, а две деца се повредени откако се откачи кабина од жичница и падна во северна Италија. Се стравува дека починало уште едно лица, бидејќи во кабината имало 11 лица. Повредените деца на возраст од 4 и 7 години со хеликоптер се префрлени во болница во Торино.
Несреќата се случи во близина на врвот на линијата Стреза-Мотароне во регионот Пиемонт, а кабината бил многу високо од земјата, изјавија од алпскиот спасувачки центар.
Жичницата била обновена во 2016 година и дури неодамна повторно била отворена откако коронавирусот принудно ги затвори жичниците низ Италија.
Мотороне е на висина од 1.491 метри и гледа на живописното езеро, а возењето до врвот трае 20 минути.