„Окото ѝ беше модро, ножот ѝ беше зариен во грб“ – сопругот на трудницата која ја уби свекрвата во Србија раскажа се

„Ми рече веднаш да дојдам, затоа што Кристина мојата мајка ја прободела со вила. Кога стигнав, мајка ми ја носеа медицински работници, а ножот ѝ беше зариен во грб“. Со овие зборови стравичното злосторство кое се случило во двор во семејна куќа во Србија, го прераскажа Золтан Варга, син на убиената 59-годишна Ибоја Варга и сопруга на 31-годишната Кристина Кулчар која во шестиот месец од бременоста е убапсена поради убиство. Тој вели дека во неговиот дом се случило злосторство, го известила пријателката на мајка му додека била на работа.

„На игралиштето кое се наоѓа недалеку од нашиот дом, ја затекнав Кристина со нашите синови, кои имат 2 и 4 години. Ја прашав што направила. Само се насмевна и рече: „Ја убив мајка ти“. Ги земав децата и ѝ кажав дека не вреди да бега. Тогаш полицијата дојде и ѝ стави лисиц.“, раскажал Золтан.

Видно потресен вели дека во дворот од нивната куќа ја затекнал мајка му.

„Видов страшна глетка. Мајка ми медицинските работници ја свртеа, а ножот ѝ висеше од зад грб. Сосетката ми рече дека го видела убиството, но дека не смеела да ѝ пријде на Кристина. Раскажа дека Кристина прво ја турнала мајка ми. Кога таа паднала, Кристина ѝ ги згазила рацете и почнала да ја боде со вила. Едното око скоро ѝ го извадила, а по телото и вратот ја прободела 10 пати“, рекол Варга.

„Пред да заминам на работа тие двете добро разговараа. Со кафе се сложија дека не мора да готват, затоа што многу храна остана од неделниот ручек. После слушнав дека се скарале поради ручек“, рекол тој и додал дека неговата сопруга имала психички тегоби.

-Три пати лежеше на невропсихијатрија во Нови Сад, а се лекуваше и во Специјална болница за психијатриски болести. Таму престојуваше 6 месеци. Кога од болницата бараа да потпишам за да ја пуштат, одбив, велејќи дека не сакам да одговарам за неа, затоа што повеќе пати беше агресивна. Меѓутоа, нејзините родители дадоа согласност во болницата – рекол Золтан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e