Одложено отворањето на Октоберфест поради експлозии во Минхен

Денешното отворање на Октоберфест се одложува поради инцидент во северен Минхен каде што, под сè уште необјаснети околности, се запали куќа и беа поставени експлозивни направи, а полицијата моментално ја истражува поврзаноста со Октоберфест.

„Можната поврзаност со други локации во Минхен, вклучувајќи го и местото на одржување на Октоберфест, моментално се истражува. Отварањето се одложува“, соопшти полицијата во баварската престолнина.

Голема полициска и противпожарна операција е во тек од раните утрински часови во северен Минхен откако се слушнале експлозии и пукотници. На местото на настанот биле распоредени специјални сили и одреди за деактивирање бомби, а бил видлив и густ облак од чад, објавува „Билд“.

За време на интервенцијата, пронајдено е тело на маж, а според неофицијални информации, се сомнева дека тој поставил експлозивни направи во куќата на своите родители, ја запалил, а потоа си го одзел животот.

Медиумските извештаи велат дека сторителот оставил порака во која сугерира дека поставил бомба на Октоберфест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e