Обрадовиќ: Бојкотот ја делегитимира владата која постојано крши закони

Претседателот на Движењето „Двери“ и еден од лидерите на Сојуз за Србија (ССС), Бошко Обрадовиќ, jа продолжи својата кампања за бојкот од Пријепоље, каде во разговор со граѓаните рече дека „бојкотот ја делегитимира владата која постојано крши закони“. „Ние ги бојкотираме изборите, бидејќи не сакаме да им дадеме легитимитет на оние кои не ги почитуваат законите на оваа земја.

И не само што не ги почитуваат законите, тие постојано го уништуваат достоинството на секоја личност, а вистинската слика за тоа се сцените пред судот во Ивањица“, рече Обрадовиќ Според Обрадовиќ, најавата за бојкот веќе дава ефект.

„Прашањето за слободни медиуми и избори стана тема број еден во Србија и привлече значително меѓународно внимание. Единствено е важно да продолжиме да работиме заедно“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e