Нови дојави за подметнати бомби во училишта утрово пак ја вознемири Србија

Повторно стигнаа дојави за подметнати бомби во ушилишта во соседна Србија. Голем број училишта утрово се соочиле со ваков аларм во Белград, Мајданпек, Ниш но и во други градови поради што дел од нив ги известиле родителите децата да не доаѓаат на училиште и дека наставата денеска ќе се одржува онлајн.

Корисници на социјални мрежи ја потврдиле таа информација, објавувајќи дека пријави стигнале и до училишта во општините Ада, Кикинда и Врбас. Во Мајданпек во тек се проверки, а на лице место излегле пожарникари и Итна помош, јави Бета.

Дојави за бомби пристигнале и во неколку основни училишта во Ваљево. Во Нови Пазар поради дојава за бомби во две училишта полицијата го блокирала тој дел од градот, бидејќи во непосредна близина се градинка и зграда на Полициската управа. Според Бета, дојава за бомби пристигнала утрово на адресите на сите основни училишта во Расински округ, Ниш, Пирот и Бабушница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e