Нови детали околу состојбата на Шумахер

За здравствената состојба на еден од најдобрите возачи на Формула 1, Михаел Шумахер не се знае многу. Откако ја доживеа тешката несреќа, повремено во јавноста се појавуваат некои информации за неговата здравствена состојба.
Спортскиот директор на Ферари и голем пријател на Шумахер, Жан Тот откри некои детали околу неговата состојба.
-Михаел е многу загрижен. Живее со своето семејство во Швајцарија и продолжува да се бори. Исто како и неговото семејство. Никој од нас не ја губи надежта, Михаел е борец и нема да се предаде – изјави тој во интервју за “Радио Монте-Карло”
-Нашето пријателство никогаш нема да биде како исто, затоа што веќе неможеме да комуницираме како порано – кажа тој.
За потсетување Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање на француските Алпи во 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e