Тројца млади го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи денеска на патот Шабац – Ваљево кај Драгиње. Возачот на автомобилот „пежо 307“ со ваљевски регистарски ознаки изгубил контрола и преминал на спротивната лента и удрил во камион.
На самото место загинале сите сопатници во автомобилот, возачот А.Н.(20) од Осечина, девојката И.М.(20) од Ваљево која седела на совозачкото седиште и уште едно момче П.О.(21).
Според неофицијални информации, возачот бил врзан, а сопатниците совозачот не го користеле појасот. Девојката имала куче во скутот, кое исто така починало.
Возачот на камионот не бил под дејство на алкохол.
Страотна е сцената на местото на несреќата, возилото завршило во ендек покрај патот и делови од автомобилот се расфрлале на коловозот.
Ова е втора тешка сообраќајна несреќа во Србија во последните неколку дена во која животот го загубија млади луѓе. Во неделата на магистралниот пат Нови Пазар – Рибариќе, во местото Лукаре, недалеку од Нови Пазар се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија четворица млади мажи.
