Нов црн рекорд по бројот на починати од коронавирус во Русија

Русија постави нов црн рекорд по бројот на починати лица од коронавирус, бидејќи во последните 24 часа, како што пренесуваат руските агенции починале 780 лица како резултат на Ковид-19.

Според податоците на оперативниот штаб за борба против коронавирус од почетокот на пандемијата во Русија, 144.492 лица починале од Ковид-19.

Претходно, најголем број на смртни случаи беа регистрирани на 10 јули – 752 починати лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e