НЕСЕКОЈДНЕВНА СООБРАЌАЈКА: И се заглавила штиклата на гас и завршила во излог (ВИДЕО)

Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила денес во Бања Лука кога возило од марката Пежо влетало во излог на продавница.

Како што неофицијално се дознава, на девојка која го управувала возилото и се заглавила штиклата меѓу папучата за гас и кочницата.

Таа возела во кружен тек по што завршила во излог на продавница рушејќи го сообраќајниот знак, а за среќа немало пешаци и избегната е поголема трагедија.

И на продавницата и на возилото е направена голема материјална штета, а автомобилот со кој управувала е службен.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e