Ненадејна оставка на британскиот амбасадор во ЕУ

Британскиот амбасадор во Европската унија, Иван Роџерс, неодамна поднел оставка, помалку од три месеца до почетокот на покренувањето на постапката за излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, пишува во вторникот весникот Financial Times.

Според пишувањето на весникот, постојаниот британски претставник во ЕУ во вторникот го известил својот персонал дека порано ќе ја напушти должноста, без да ги објасни причините за таквата своја одлука.

„Овој потег ги ослабува шансите на премиерката Тереза Меј со Брисел да склучи добар договор за раздружувањето. Роџерс беше еден од ретките луѓе во врвот на британската влада коишто ја разбираа ЕУ“, вели Чарлс Грант од независната организација Centre for European Reform (CER).

Станува збор за втора оставка на вискот британски функционер во ЕУ. Пред Роџерс, во јуни оставка си поднесе Џонатан Хил, комесар во Европската комисија.

Британската премиерка Меј официјалните преговори за излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе ги започне до крајот на март. Според коментаторите, се очекува тоа да бидат најкомплицираните преговори во Европа по Втората светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e