Нема идеолошки мотиви кај напаѓачот што детето го турна под воз во Франкфурт

Осомничениот за убиството на осумгодишното дете, кое беше турнато под шини на станицата во Франкфурт, очигледно немал идеолошки мотиви кога минатата недела го заклучил неговото семејство и му се заканил на соседот во градот Веденсвил, во близина на Цирих, каде живеел, изјавија денеска швајцарските иследници во Цирих, пренесе ДПА.

Четириесетгодишниот Еритреец, кој сега е под психијатриска нега, до јануари работел во циришката јавна транспортна компанија, но оттогаш е на боледување, на медиумите во Цирих и соопштија од локалната полиција и обвинителство.

Православниот христијанин живеел „незабележително“ до минатиот четврток, кога имал домашен инцидент во кој биле инволвирани неговата сопруга и нивните деца, на возраст од една, три и четири години, како и нивниот сосед, изјави Бруно Келер, заменик началник на полицијата во Циришкиот регион, пренесе ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e