Украинскиот министер за надворешни работи на Твитер напиша дека бил нападнат хуманитарен коридор од Мариупол до Запорожје.
Тој рече дека Русија држи 300.000 цивили како заложници.
– Русија држи 300.000 цивили како заложници во Мариупол, спречувајќи хуманитарна евакуација и покрај договорите со посредство на МКЦК. Вчера едно дете почина од дехидрација!
Воените злосторства се дел од намерната руска стратегија. Ги повикувам сите земји јавно да бараат: Русија, пушти го народот! – објави Кулеба.