Полицајка од Нант во Франција е сериозно повредена откако маж ја прободел со нож.
Според полициски извори, човекот утрово влегол во комуналната полициска служба и ја нападнал полицајката, прободувајќи ја неколку пати со нож.
Полицајката е сериозно повредена, а по напаѓачот кој избегал активно се трага. Во потрагата учествуваат 80 полицајци, како и хеликоптер.
Автомобилот на осомничениот бил пронајден паркиран во градот, па се претпоставува дека тој побегнал пеш.