Напад со нож во Софија: Убиен 21-годишник, повредено 15-годишно девојче

Во Софија утринава, 12 февруари 2026 година, маж нападнал три лица со нож во општината Подујане, по што едно лице починало, а две се пренесени во болница. Случајот бил пријавен во 05:40 часот, а на терен биле испратени три амбулантни возила.

Екипа на итната помош на лице место ја констатирала смртта на 21-годишен маж. Со повеќекратни убодни и сечени рани, 15-годишно девојче било пренесено во Пирогов, а 78-годишна жена со повреди во пределот на стомакот и градниот кош била хоспитализирана во Универзитетска болница „Царица Јоана“.

На местото бил затекнат и 44-годишен маж со полесна повреда на раката. Полицијата соопштила дека по инцидентот е приведено едно лице и се преземаат мерки за утврдување на околностите и мотивот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e