Најмалку две лица се убиени, а едно тешко повредено во напад извршен со нож во западниот германски град Лудвигсхафен, изјави портпаролот на полицијата во покраината Рајнланд-Пфалц.
Полицијата пукала во напаѓачот и го повредила, по што тој бил уапсен.
„Мотивите зад нападот се непознати и во моментов е во тек опсежна истрага”, изјави полицискиот портпарол.
„Сторителот е уапсен. Ние сме на местото на настанот. Нема никаква опасност”, соопштија од полицијата со апел до граѓаните да го избегнуваат реонот за да не ја попречуваат истрагата.
Полицијата целосно ги блокира пристапите до местото каде е извршен нападот.