Најмалку 48 лица загинаа во Тајван откако воз излета од шини

Најмалку 48 лица загинале, а повеќе од 60 се повредени во Тајван откако воз , што превезувал скоро 500 патници излетал од шините во тунел, удријќи во камион кој се лизнал од патот што води кон блиското градилиште.

Несреќата, во која загинал и машиновозачот, е најголемата железничка катастрофа во последните четири децении во Тајван.

Возот, кој патувал од Тајпеј до Таитунг излетал од шините северно од Хуалиен во источен Тајван. На почетокот на продолжениот викенд по повод традиционалниот Ден на чистење гробници, во возот имало и многу туристи.

Сликите од местото на несреќата покажаа уништени и смачкани вагони, чија состојба ги спречувала спасувачите да стигнат до патниците, иако до попладнево само две лица останале заробени во остатоците.

Министерот за транспорт Лин Чиа-Лунг пред новинарите на местото на настанот изјавил дека возот превезувал околу 490 лица, иако првично било речено дека има 350.

Тајванските медиуми соопштија дека многу луѓе стоеле за време на возењето бидејќи возот бил полн, а исто така покажале и неколку слики од преживеаните, извадени од тунелот.

„Луѓето паѓаа едни на други“, изјави еден од патниците за локалната телевизија. “Беше страшно. Таму имаше цели семејства”, додаде таа.

Официјалната новинска агенција соопшти дека се сомнева дека камион чија рачна сопирачка не била активирана се лизнал од патот и го блокирал возот и дека полицијата го одвела возачот на распит.

Пожарникарите покажале слика од остатоците од камион што лежи покрај возот.

„Нашиот воз удри во камион“, рече еден човек на видеото емитувано на тајванската телевизија, покажувајќи слики од остатоците.

Дел од возот бил надвор од тунелот, а патниците кои биле во вагоните во тунелот биле однесени на безбедно, соопшти управата на железницата во Тајван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e