Најмалку 20 лица загинаа, а 24 се повредени во пожар што избувна денесka во фабрика за облека во близина на египетската престолнина, соопштија властите.
Причината за пожарот, кој ја зафати четирикатната зграда на фабриката во Обур, предградие на Каиро, сè уште не е јасна.
Петнаесет пожарникарски возила се испратени да го изгаснат пожарот, а амбулантните возила ги пренесуваат жртвите во блиските болници, се вели во соопштението.