Најмалку 15 загинати – Катастрофа во Лисабон, жичница излета од шините

Познатиот жичник „Глорија“ во Лисабон, популарен кај туристите, денес излета од шините. Според последните информации, најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека на жичницата во моментот на инцидентот имало 43 лица. Сè уште не е познато дали жртвите се португалски државјани или туристи.

Надлежните започнаа истрага за да се утврдат причините за трагичниот настан, а снимките од местото ја прикажуваат уништената кабина и службите за итни случаи како ги извлекуваат повредените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e