Во сообраќајна несреќа во Турција загинаа 14 лица, кога автобусот слета од автопатот, пренесува АП.
Од кабинетот на гувернерот на провинцијата Баликешир се наведува дека во несреќата се повредени 18 лица и тие се префрлени во пет болници.
Се наведува дека автобусот се превртел рано утрово во 04,40 часот по локално време, а брзата помош и полицијата брзо пристигнале на местото на несреќата, каде што 11 лица биле прогласени за мртви на лице место.
Тројца починале во болница од повредите, а деталите за несреќата се уште не се познати.