Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 4.443 нови случаи на инфицирани лица од коронавирусот, па бројот на активни случаи во земјата денеска изнесува вкупно 33.760. Од нив 2.378 пациенти се во болница, од кои 289 се приклучени на респираторни машини. Во послендите 24 часа, од последиците на вирусот починале 50 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, регистрирани се вкупно 544.330 лица заразени со коронавирус, од кои 9.986 починале, вкупно оздравеле 500.584 лица, од кои 4.695 во последните 24 часа.
Во моментов во самоизолација во Хрватска се 24.144 лица. До денеска се тестирани вкупно 3.288.144 лица, од кои 12.911 во последните 24 часа.
Заклучно со вчера (15.11.2021 година) потрошени се 3.871.196 дози вакцина, а вакцинирани се 50,76% од вкупното население и 60,66% од возрасната популација.
На ден 15.11.2021 година аплицирани се 19.884 дози вакцина, од кои 12.149 лица се вакцинирани со првата доза. Заклучно со 15.11.2021 со најмалку една доза се вакцинирани 2.060.023 лица.