Два масовни руски ракетни напади врз Украина уништија станбен блок во јужниот централен град Днепропетровск, при што загинаа најмалку 20 луѓе, меѓу кои и едно 15-годишно девојче. Спасувачите се уште трагаат меѓу урнатините, пишува „Гардијан“.
Повредени се 73 лица, а 40 се во болница, од кои четворица на интензивна нега, напиша на „Телеграм“ градоначалникот на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко. Toj изјави дека во нападот целосно се уништени 72 стана, а оштетени се повеќе од 230 станови
Спасувачите во текот на ноќта бараа преживеани во урнатините, објави „Ројтерс“.
Врховната команда на Украина денеска соопшти дека Русија вчера извршила три воздушни напади, 57 ракетни напади и 69 напади од ракетни системи салво со тешко вооружување, а целта била критичната инфраструктура во Киев и други области.
Командата наведе дека украинските сили собориле 26 ракети.
Официјални лица предупредија дека рускиот напад ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија во главниот град и големи делови на Украина во следните неколку дена.