На кружен тек во Белград снајперист од камион требало да го ликвидира Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ требало да биде убиен на 5 или 6 февруари на кружниот тек Топчидерска ѕвезда во Белград, потврдила истрагата.

Планот, според истрагата, бил конвојот автомобили во кој се превезува Вучиќ да биде пресечен токму на тој кружен тек, а од камион во близината требало да ја подигне церадата и со снајпер „Браунинг“ да пука во возилото на српскиот претседател. Во декриптираните пораки кои се пронајдени кај Веља и екипата стоело „Акција во петок или сабота“, и „Акција со камион“.

Снајперистот требало да пука со антипанцир куршуми калибар 12,7. А токму такво оружје било пронајдено во куќата на Веља Неволја во Ритопек. Атентаторот бил подготвен и требало да избега со автомобил искористувајќи ја гужвата која би се направила по истрелите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e