Повеќе од еден милион работни места се моментално отворени во Германија, околу 780.000 во Велика Британија, додека Франција бара над половина милион работници. И покрај високата невработеност во Европската Унија, има работа, но нема кој да ја работи.
Според податоците на Евростат, во вториот квартал од 2025 година, дури 2,1% од сите работни места во ЕУ останале непополнети. Ова значи дека работодавците низ Европа активно бараат работници, но не можат да ги најдат, објавува Euronews Business.
Најмногу слободни работни места има:
• Германија – 1,05 милиони
• Велика Британија – 781.000
• Франција – 504.000
• Холандија – 400.000
Од поголемите земји, Италија бележи пониска стапка од просекот со 1,7%, додека на другиот крај од листата се Романија (0,6%) и Шпанија и Полска со само 0,8% слободни работни места.
Проблемот не е само бројот на работници, туку и недостатокот на вештини. Според истражувањето на ManpowerGroup, дури 75% од европските работодавци тврдат дека не можат да најдат вработени со соодветни квалификации, што е огромен скок во споредба од пред пет години.
Најголемиот проблем со недостатокот на персонал е во северните и западните земји на Европа, додека во источните и јужните делови побарувачката за работници не е толку изразена, пренесува Бизлаив.