Менхетен: Петмина убиени во вооружен напад, напаѓачот ексфудбалер

Во еден од најшокантните и најкрвави напади во последните години, пет лица загинаа, а уште едно е тешко повредено, откако вооружен напаѓач отвори оган во зградата на седиштето на Националната лига за американски фудбал (НФЛ) на Парк Авенија во Менхетен.

Инцидентот се случи во утринските часови, кога 27-годишниот Шејн Тамура, поранешен играч на американски фудбал со историја на ментални нарушувања, пристигнал пред зградата со автоматска пушка М4, излегол од возилото и веднаш почнал да пука.

Првата жртва била полицаец од Њујорк кој не бил на должност, но храбро се обидел да го спречи напаѓачот. За жал, загина на лице место. Напаѓачот потоа пукал во случајни луѓе во фоајето, вклучувајќи и една жена која се обидела да побегне.

Сведоци раскажуваат за хаос и паника, додека деловните простории на зградата – која ги вклучува и канцелариите на Blackstone, KPMG, и
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, на итна прес-конференција ја потврди трагичната вест:

„Убиени се пет невини луѓе. Изгубивме четири животи во уште еден бесмислен чин на вооружено насилство, вклучувајќи и храбар полицаец кој се обиде да го сопре напаѓачот.“

Полицајката Џесика Тиш, комесарка на Њујоршката полиција, рече:

„Тој почина како што живееше – како херој.“

По неколку минути бесмислено насилство, Тамура се качил со лифт до 33. кат, каде што застрелал уште еден чувар и еден службеник, по што си го одзел животот пукајќи си во градите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e