Медведев до Обама: Почивај во мир

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изрази денеска жалење поради тоа што администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама го завршува мандатот со „антируска агонија“.

Медведев ова го објави на Твитер, а пораката ја заврши со – „Р.И.П. (почивај во мир)“.

– Мошне е тажно тоа што администрацијата на Обама, која го почна мандатот со напорите да ја обнови соработката, го завршува мандатот со антируска агонија. Р.И.П.“, наведе Медведев во твитот.

untitled

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e