Генералниот секретар на Обедините нации во заминување, Бан Ки-мун е обвинет дека во 2005 и 2007 година земал мито во вкупна вредност од повеќе од 200.000 американски долари, но самиот Бан категорично ги отфрла таквите обвинувања, пишува порталот SBS News.
Според сведоштвата на новинари на јужнокорејскиот весник Sisa Journal, Бан Ки-мун добил 200.000 долари во пролетта 2005 година, за време на работна вечер организирана во чест на посетата на министерот за надворешни работи на Виетнам на Јужна Кореја.
Бан Ки-мун, кој во тоа време бил корејски министер за надворешни работи и трговија, ја примил делегацијата од Виетнам, во чиј состав бил и влијателниот тамошен бизнисмен, челникот на компанијата „Taekwang“. Пак Јеон Ча. Посредник, според написот, дошол во резиденцијата на министерот за надворешни работи еден час пред делегацијата за му ги предаде на Бан 200-те илјади долари.
Медиумите, исто така, тврдат дека во книгата за белешки на секретарката на виетнамскиот бизнисмен е забележано и името на Бан Ки-мун и покрај него наведени различни суми пари. Доколку се соберат, ова наводно мито, коешто го добил челникот на ОН, може да биде и поголемо од споменатата сума, забележува весникот. Уште 30.000 долари, истиот бизнисмен му предал на Бан Ки-мун во 2007 година во Њујорк, кога веќе овој бил челник на светската организација, тврдат новинарите.
Самиот Бан Ки-мун ги отфрла ваквите објавени во медиумите обвинувања. Тој целосно негира дека се познава со виетнамскиот бизнисмен Пак Јеон Ча. „Нито пред тој настан, ниту пота, јас не сум се запознал со него“, изјави генералниот секретар на ОН. Бизнисменот, исто така, за SBS News ги отфрла сите обвинувања дека понудил или дал поткуп.
Неодамна Бан Ки-мун објави дека има намера да учествува на предвремените претседателски избори во Јужна Кореја. Обвинувањата за корупција може да ги нарушат неговите планови, имено токму поради сомневања дека примила мито и протежирала своја блиска пријателка во бизнисот, јужнокорејската претседателка Пар Гуен Хе со импичмент беше отстранета од должноста. Во Сеул се смета дека споменатото новинарско истражување претставува прв обид да се дискредитира идниот кандидат за претседател.
Бан Ки-мун на 1-ви јануари 2007 година стана осмиот по ред генерален секретар на Обединетите нации. Тој е трипати награден со јужно корејскиот орден „За заслуги“, во 1975, 1986 и 2006 година, а наградуван е во редица земји за придонес во развивањето на нивните односи со Јужна Кореја, а во јуни 2016-та го доби и руското одликување Пријателство, „за особени заслуги во зајакнувањето на мирот, пријателството, соработката и разбирањето меѓу народите“. На 1-ви јануари 2017 година на должноста во ОН ќе го замени Антонио Гутиереш.