Владимир Булат, кој е инаку претседател на Аероклубот во Зрењанин, загина при пад на мал авион марка Злин 526 Ф, во близина на спортскиот аеродром Ечка крај Зрењанин.
Како што пишува Курир.рс, Булат предниот дел се забил два метри во земјата, при изведба на акробатски лет.
Мал авион кој бил управуван од 47-годишниот пилот Владимир Булат, се урна во близина на аеродромот Ечка кај Зрењанин, Србија.
Инспекторите на Центарот за истражување на несреќи, веднаш пристигнале на место на несреќата, рече директорот за центарот за истражување на авионски несреќи, Небојша Петровиќ.
Владимир Булат бил искусен пилот на мали и спортски авиони, а исто така бил претседател на аероклубот од Зрењанин.
Истрагата од инспекторите покажала дека не се работи за никаква грешка во авионот, туку за авионска несреќа која најверојатно е грешка на пилотот.
При изведувајќи акробатски лет, пилотот Владимир Булат, наеднаш изгубил контрола над леталото и неконтролирано се урнал при што загинал на лице место.