Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарал со својот американски колега Доналд Трамп за турската офанзива во Сирија и го предупредил дека последицата може да биде заживување на активностите на „Исламска држава“.
Според соопштението од кабинетот на Макрон, тој посочил дека турската офанзива итно треба да се запре.
Макрон ја истакнал потребата да се запре „секое заживување на Исламската држава во регионот“ и да се поддржат курдските сили, кои помогнаа воената коалиција предводена од САД да ја преземат територијата на Сирија и Ирак од екстремистите од терористичката Исламска држава.