Мајка од пеколот: 7 години ги држела децата затворени во подрум, и се заканувала дека ќе ги убие ако бараат помош

Шпанската полиција денес соопштила дека привела швајцарска државјанка која наводно ги држела своите деца заробени во куќа седум години, заканувајќи им се дека ќе ги убие ако некогаш се обидат да побараат помош.

Децата, кои сега имаат 17 и 15 години, воопшто не оделе во училиште во текот на седумте години кои ги минале во југоисточната шпанска покраина Аликанте, и речиси да немале никаква лекарска помош кога биле болни, стои во полициското соопштение, пренесува AFP.

“Потписите на малолетниците земени за време на полициската истрага се идентични со оние на нивните швајцарски документи од пред седум години. Нивниот ракопис изгледа како ракопис на мало дете”, рекла портпаролката на полицијата во Аликанте.

Според наводите на полицијата, 17-годишната ќерка во август успеала на кратко да го избегне надзорот на својата мајка и да прати мејл во фондацијата “ANAR”, која помага на деца во неволја, и им пратила повик за помош. Таа наводно била жртва на насилство од страна на својата мајка, која на своите деца им забранувала било каков контакт со надворешниот свет.

Откако ќерката се обратила во фондацијата “ANAR”, полицијата открила во која куќа во шпанскиот град Катрал децата живеат.

“Полицајците веднаш отидоа на таа адреса, но мајката негираше дека чува некого во куќата, како и дека со неа живеат малолетници”, наведува полицијата.

“Кога слушнала дека полицајците разговараат со нејзината мајка, девојката почнала да гестикулира кон нив за да им го привлече вниманието, и така децата биле спасени”, рекла полицијата, наведувајќи дека ќерата потоа се вратила кај својот татко во Швајцарија.

Судијата одлучил да му дозволи на синот, за кого полицијата наведува дека не бил жртва на насилство како својата сестра, да се врати во домот во Катрал, каде живее неговата мајка со нејзиниот партнер, кои се пуштени на слобода до судењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e