Лончар: Нема ниту еден доказ дека вакцините можат да влијаат на стерилитет

Србија го надмина процентот од над 65 проценти вакцинирани здравствени работници, изјави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар за РТС, и посочи дека 20 отсто од здравствените работници се имунизирани во последната недела.

Тој изјави дека коронавирусот е нешто што се менува од ден на ден и смета дека почетокот на разговорите за задолжителна вакцинација – дал резултати.

Тој напомена дека во Србија во моментов има доволно вакцини, но и дека има доволно интерес за вакцинирање, и дека според најновите истражувања, нема потреба од воведување на задолжителна вакцинација.

„Имавме доволно вакцинирани лекари, но имаше проблем со медицинските сестри и имаше сомнежи во врска со бременоста, планирањето на семејството и слично, но ние се организиравме, направивме трибини, разговаравме со нив и тој број се зголемува и се зголемува секој ден, така што во овој момент не треба да воведуваме задолжителна вакцинација“, рече Лончар за време на гостувањето во емисијата Прашалник на РТС.

Говорејќи за тоа што ги плаши медицинските работници во врска со имунизацијата, Лончар објасни дека најголемиот проблем е кај младите медицински сестри поради различните дезинформации што им се даваат и дека се плашат за своите потомци.

Одговарајќи на прашањето на гледачите за влијанието на вакцината врз стерилитетот, министерот Лончар изјави дека „нема ниту еден научен доказ, студија и нешто што се случува со вакцините што моментално се наоѓаат во Србија“.

Тој посочи дека повеќе од 20 проценти од медицинските работници биле вакцинирани во изминатата недела, што, како што процени, е огромна бројка за една недела.

„Преминавме над 65 проценти од вакцинираните здравствени работници. Бевме, велам, 20 проценти помалку, но со оваа кампања, со оваа акција, со разговорот со сестрите, ја надминавме таа бројка“, изјави Лончар и додаде дека оваа практика ќе продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e