Либан без струја, исклучени двете најголеми електрани

Двете главни електрани во Либан вчера биле исклучени, што доведе поголемиот дел од земјата да остане без струја.

До исклучувањето дошло бидејќи електраните Деир Амар и Захрани, кои заедно обезбедуваат околу 40 отсто од електричната енергија во Либан, останале без гориво, објави Би Би Си.

Со тоа е влошена кризата поради која граѓаните имаат електрична енергија само два часа дневно.

Имено, недостигот од девизи го отежнува плаќањето на странските добавувачи на енергија.

Во Либан и аптеките стапија во штрајк поради недостиг на лекови, што исто така е последица на неплаќањето на странските увозници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e