Лавица шета по улиците на Берлин, полицијата ги предупреди жителите да не излегуваат

Берлинската полиција во средата на 19 јули испратила тревога дека големо диво животно, веројатно лавица, е на слобода во јужните предградија на Берлин.

Жителите на Берлин се предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории.

Полицијата и пожарникарите рано утринава преку социјалните мрежи објавија дека веруваат дека дивото животно забележано во текот на ноќта најверојатно е лавица.

Жителите наводно добивале пораки преку апликации за предупредување. Меѓу другото, од нив беше побарано да не одат на прошетка во шума и да се засолнат во своите куќи или автомобили доколку видат животно.

Полицијата соопшти дека информации за присуството на животното добила од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.
Тие рекоа дека не знаат од каде би можело да дојде животното , откако провериле во зоолошки градини, циркуси и засолништа за животни кои рекле дека не им недостасува лавицата.

„Распоредивме голема сила на локацијата за да го заштитиме населението“, рече портпаролот на полицијата.

Потрагата по осомничената лавица е фокусирана на општината Клајнмахнов во јужниот дел на Берлин. Општината има околу 20.000 жители.

Портпаролката на општината рече дека децата од градинките не смеат да влезат во околните градини и дека пазарџиите биле советувани да не поставуваат тезги во моментов.

„ Вакви работи не се случуваат секој ден “, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e