Крвав Велигден во Шри Ланка

Крвава прослава на велигден во Шри ланка. Повеќе од 200 лица загинаа, а шестотини се повредени во осум експлозии кои ја потресоа државата. Речиси истовремено експлозии одекнале за време на велигденската миса во католичката црква „Свети Ентони“ и во три хотели. Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во христијански храм во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата. Неколку часа после првииот напад, во градот Деивала, на 12 километри јужно од Коломбо, одекнаа уште две експлозии.

„Првите повредени лица ги пренесовме во главната болница. Веднаш потоа стигна наредба сите да дојдат на работа.“- изјави Сисина Сварнапала.

Во државата е воведен полициски час, а забранет е пристапот до социјалните медиуми. Министерот за одбрана на Шри Ланка, Руван Виџевардене изјави дека денешната серија експлозии се терористички напад додека пак премиерот вети жесток одговор за напаѓачите. Се претпоставува дека едната експлозија е дело на бомбаш самоубиец, а за другите бил употребен експлозив Ц-4.

„Сакам да изразам сочуство до семејствата на загинатие и на оние кои беа повредени во нападите. Ги осудивам нападите кои чија цел беа религиозни места и луксузните хотѕели. Ќе следува жесток одговор кон оние кои го извршија нападот.“ – изјави Маитрипала Сирисена – премиер на Шри Ланка.

Од министерсртвото за внатрешни работи на Шри Ланка соопштија дека досега се уапсени седум лица под сомнение дека се одговорни за бомбашките напади. Засега се уште никој не ја презеде одговорноста а според државните медиуми зад нападите би можеле да стојат припадници на локалната радикална муслиманска организација. Министерството за надворешни работи на Шри Ланка пак соопшти дека меѓу загинатите има најмалку 35 странски државјани, меѓу кои од САД, Велика Британија, Холандија, Турција и Бугарија.

Сведоците на една од експлозиите велат дека таа била толку силна што се треселе и околните згради.

„После првата експлозија се качивме на кровот на зградата. Се гледаше како се издига голем чад. После неколку минути се слупшнаа и уште неколку други експлозии.“ – вели еден од очевидците.

Светските лидери жестоко ги осудија денешните експлозии во три цркви и неколку хотели на Шри Ланка. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека со голема жалост ја примил веста за нападите додека пак германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер упати телеграма со сочувства до неговиот колега од Шри Ланка, истакнувајќи дека вџашен од терористички напади. Индискиот премиер Нарендра Моди пак оцени дека во регионот на јужна Азија нема место за вакво варварство.

Извор: 24Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e