Лидерите на „Самоопределување“ и Демократска алијанса на Косово, Албин Курти и Вјоса Османи, постигнаа договор за соработка, јавуваат приштинските медиуми.
Двајцата, наведува Лајм, потпишале документ за транспарентно управување кој содржи седум точки. Првата го специфицира бројот на министрите – ќе има максимум 15 и два вицепремиера.
Потоа се наведува дека жените ќе водат најмалку 30 проценти од министерствата, дека сите состаноци на владата ќе се емитуваат во живо, и дека премиерот ќе објави годишен извештај за спроведувањето на програмата за управување.
Во договорот се наведува и дека премиерот и министерствата ќе ги објават сите договори и поплаки на официјалните веб-страници, дека ќе има деполитизација при изборот на членови на одбор и јавни компании и дека ќе има стандардизирани извештаи за побарувачката за сите министерства на месечна основа.