Koj ќе му помогне на Ердоган?

Берлин нуди помош за Анкара која е во криза поради лирата.

Германската канцеларка, Ангела Меркел го потсетила турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган дека има потенцијален сојузник во Европа.

Ердоган бара начин да ја заштити турската економија од судирот со претседателот на САД, Доналд Трамп. Со германската канцеларка разговарале во средата да организираат состанок на министрите за финансии на двете земји.

Германија е најголем економски партнер на Турција, а лани нивната билатерална трговија изнесувала околу 37 милијарди евра.

Околу 6.500 компании кои се во целосна или делумна сопственост на Германија работат ширум Турција.

Турција е на 16. место меѓу германските извозни пазари, пред Јапонија и многу помалите држави од Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e