Ќе рипне минималецот во Германија, еве кој е новиот износ на саатнина

Во средата германската влада ја официјализираше одлуката за зголемување на законски гарантираната минимална плата за 82 центи, на 12,82 евра на час.

Првиот дел од зголемувањето, на 12,41 евра, стапува на сила во јануари, а вториот на почетокот на 2025 година.

Министерот за труд, Хубертус Хејл, очекувано го потпиша указот за минимална плата според јунскиот предлог на мешовитата комисија на работодавачи и вработени за минимална плата, јавува ДПА.

Вкупниот пораст одговара на стапка од 6,8 отсто. Лабуристичките претставници во комисијата го одбија предлогот и побараа поголемо зголемување, но беа надгласани.

Од зголемувањето не се задоволни ниту некои политичари од владејачката коалиција на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц, Зелените и либералната ФДП.

Заменик-шефот на пратеничката група на Зелените, Андреас Аудреч, за агенцијата ДПА изјави дека зголемувањето „не е ништо повеќе од лоша шега“ и рече дека луѓето кои работат напорна работа заслужуваат повеќе.

Тој ја критикуваше комисијата затоа што најпрвин најавила едногласна спогодба, а потоа отстапила од него. Минатиот месец, Шолц, исто така, ја критикуваше комисијата во истата прилика, барајќи идните одлуки за платите да бидат резултат на договор со консензуална поддршка.

 Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e