Србија помина уште една бурна ноќ синоќа откако во десетици градови се одржаа антивладини протести.
Веќе традиционално, најрадикално беше во Белград и во Нови Сад, каде демонстрантите се судрија со полицијата.
Во Белград полицијата на неколку локации употреби солзавец и извади борни коли за да ги растера демонтранстите, кои протестираа пред Владата, додека дек од нив се упати кон штабот на владејачката СНС.
За време на протестите од страна на приврзаници на СНС бил претепан и опозициски пратеник во српското Собрание.
Полицијата јави за неколку повредени полицајци и десетици уапсени граѓани.
Во Нови Сад продолжи демолирањето на штабови на СНС, откако завчера беа демолирани два, синоќа во Нови Сад беше демолиран и третиот штаб на партијата, а за разлика од претходните вечери, синоќа пред и околу штабовите немаше приврзаници на СНС.
Протести се одржаа и во Ниш, Крагујевац, Панчево, Ваљево, а токму од тој град се појавија снимки на полициска бруталност, каде десеттина полицајци на специјалната единица претепуваат две млади лица кои се веќе совладани и не пружаат никаков отпор.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачииќ изјави дека синоќа уапсени се 37 лица на протестите низ државата, а 42 припадници на полицијата биле повредени, додавајќи дека тоа не се конечни бројки.
Истовремено, Итната медицинска помош во Белград јави дека 13 лица повредени во протестите побарале лекарска помош.
И додека билтените на полицијата се полнат со информации за повредени и приведени, очигледно е дека протестите во Србија нема да престанат, па во текот на денот се очекуваат информации каде се вечерва повторно ќе се протестира.