Каталонскиот лидер побара средба со Владата во Мадрид: Премиерот да седне и да разговара со нас

Каталонскиот лидер Квим Тора побара средба со шпанската Влада откако имаше немири пет дена, а кои беа предизвикани од изрекувањето на затворските казни за каталонските сепаратистички лидери.

„Го повикуваме вршителот на должност премиер на Шпанија да седне на преговарачка маса и да разговара со нас. Насилството од минатата недела не ја отсликува мирната природа на движењето за независност на Каталонија“, истакна Тора.

Инаку, протестите почнаа откако Врховниот суд во Шпанија на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови и ги растераа демонстрантите, кои повеќе од шест часа го блокираа градот.

На улиците пак, имаше илјадници демонстранти со знамиња на Каталонија, кои по пет дена од демонстрациите, целосно го блокираа градот, а синоќа се случија најжестоките судири меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата.

Владата на Каталонија, составена од две партии кои сакаат независност, во последниве денови повикуваше на масовни, но мирни демонстрации. Генералниот штрајк беше организиран на покана на синдикатите кои се залагаат за независност на Каталонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e