Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи Грегоар Трудо објавија заедничко соопштение во кое објавија дека се разведуваат по 18 години брак.
„Софи и јас сакаме да го споделиме фактот дека по многу значајни и тешки разговори, донесовме одлука да се разделиме“, напиша Трудо во пораката објавена на неговиот Инстаграм профил, пренесува Би-Би-Си.
Трудо (51) и Грегоар (48) се венчаа во мај 2005 година и имаат три деца: два сина, Ксавиер (15) и Адријан (9) и една ќерка, 14-годишната Ела Грејс.
„Како и секогаш, остануваме блиско семејство, во кое се гради длабока љубов и почит еден кон друг и за се што заедно сме постигнале и ќе постигнеме заедно. За доброто на нашите деца, ве молиме почитувајте ја нашата и нивната приватност“, напишале во идентични пораки разделените сопружници.
Грегоар, поранешна телевизиска водителка, отворено го следеше нејзиниот сопруг во текот на неговата политичка кариера и стана јавна личност, поборник за неколку добротворни организации и социјални прашања, вклучително и менталното здравје и родовата еднаквост.
Според соопштението од кабинетот на премиерот, Трудо и Грегоар Трудо „потпишале договор за правна разделба“.
„Тие работеа за да обезбедат дека се преземени сите правни и етички чекори во врска со нивната одлука да се разделат и ќе продолжат да го прават тоа понатаму“, соопшти канцеларијата на Трудо.
Тие додадоа дека и двајцата родители остануваат присутни во животот на нивните деца.
„Канаѓаните може да очекуваат често да го гледаат семејството заедно. Семејството ќе биде заедно на одмор од следната недела“, велат тие.