Канабис пронајден во бонбоните Харибо во Холандија

Германската компанија Харибо денеска го повлече својот бренд за бонбони „Хепи Кола Физ“ во Холандија бидејќи во некои пакувања бил пронајден канабис, а на неколку лица, меѓу кои и деца, кои ги јаделе им се слошило.

Холандската агенција за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка објави дека само три кеси од тие бонбони Харибо ја имале оваа контаминација, но сите кеси со бонбони во форма на шише Кока-Кола се повлечени од промет.

Полицијата истражува како канабисот влегол во кесичките со бонбони, објави Данас.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e