Камион и минибус се судрија во Италија, шестмина загинати

Шест лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопат во северна Италија.

Судирот меѓу минибус и камион се случил вчера во регионот Венето, објавија пожарникарите на Твитер.

Едно лице преживеало и се здобило со тешки телесни повреди.

Фотографиите направени од спасувачките служби покажаа дека минибусот е целосно уништен, смачкан под камионот.

Според новинската агенција Анеси, жртвите се возачот и пет лица со попреченост кои патувале во минибусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e