Каменуван автобус со српски туристи во Грција – скршени стакла, повредени патници

Според првичните информации, автобусот бил гаѓан со крупни камења од страна на четири лица, за кои се претпоставува дека се малолетници. Полицијата привела две осомничени лица, но бидејќи кај нив не биле пронајдени докази, тие биле пуштени на слобода.

Од силниот удар, предното стакло на автобусот целосно се скршило, а страничното стакло целосно напукнало. На снимките објавени во грчките медиуми се гледа како една од камениците, со големина на тупаница, ја пробива шофершајбната, а парчиња стакло се распрснуваат низ целиот автобус. Патниците, во шок, гледале како стаклото паѓа врз нивните седишта.

Во нападот биле повредени двајца туристи со полесни повреди кои одбиле болничко лекување. Помошниот возач (64 години) бил пренесен во болница, каде му била укажана помош, по што бил пуштен на домашно лекување.

На местото пристигнал друг автобус со кој патниците го продолжиле патувањето кон Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e