Претставниците на странските држави во Србија имаат информации за поврзаноста на државниот врв во земјава со криминалниот клан на Вељко Беливук позната Веља Невоља, чии злодела изминативе месеци ја потреоса земјава и регионов, порачал Вук Јеремиќ претседателот на Народната партија при денешната посета во Ниш, пренесуваат медиумите кај северниот сосед.
Според Јермиќ наредните недели или месеци се очекува на површина да „испливаат“ нови докази за врските меѓу државниот врв и криминалниот клан на Беливук што ќе ја смени сликата за Србија во Европа и светот.
-Амбасадор со кого имав прилика да разговарам изминативе денови ми кажа дека е јасно оти еден човек е убиен откако полицијата и БИА почнале да следат и снимаат се што е во врска со бандата на Беливук. Тој се прашува како можело тоа да се случи и дека такво нешто во неговата земја ќе предизвикало скандал од прв ред и за тоа ќе паднела владат – рекол Јеремиќ пред граѓаните на Ниш.