Израел го доби својот прв министер , кој јавно се декларира за хомосексуалец.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху го именува 43 годишниот Амир Охана за вршител на должност министер за правосудство . Охана , инаку е член на партијата Ликуд , од каде е и премиерот и го поддржа контроверзниот предлог законспоред кој не може кривично да се гони актуелен премиер.
Познато е дека во тек е истрагата за Нетанјаху за незаконско земање поткуп и измама , а наскоро против него би можело да биде подигнато обвинение.
Амир Охана е активист кој се бори за правата на хомосексуалците во Израел и во региониот и го поддржува правото на истополов брак , кој не постои во Израел.
Oхана не е единствениот геј политичар во Израел , каде се многу силни влијанијата на конзервативната еврејска заедница. Минатата година во гратче близу Тел Авив беше избран прв геј градоначалник , додека неколку пратеници во Сеимот се декларираат како хомосексуалци.