Инфлуенсерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во стан во Бразил

Во Рио де Жанеиро се пронајдени телата на 33-годишната инфлуенсерка и манекенка Лидијане Алина Лоренсо и на нејзината 15-годишна ќерка Мијана Софија Сантос, јавуваат бразилските медиуми.

Соседите во населбата Бара да Тиџука ги повикале пожарникарите поради силен непријатен мирис, а телата биле откриени во разни простории од станот. Според полицијата, нема знаци на насилство и се чекаат резултатите од токсиколошката анализа за да се утврди причината за смртта.

Лоренсо имала над 54.000 следбеници на „Инстаграм“ и студирала медицина во Рио. Таа и ќерка ѝ беа погребани во родниот град Санта Сесилија. Истрагата продолжува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e