Властите на Хаваи потврдија дека има загинати во земјотресот што денеска го погоди западниот дел.
– Можам да потврдам дека има загинати во земјотресот. Засега не ја знаем конкретната бројка, изјави Џери Чендлер директор на Цивилната заштита на Хаити.
Издадено е предупредување за можно цунами.
Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степена по Рихтер го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на 10 км длабочина, 100 километри западно од главниот град Порт-О-Пренс.
Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република.