Huawei: Расте продажбата и профитот и покрај санкциите на САД

Кинеската технолошка компанија Huawei објави дека за девет месеци од 2019 година, ја зголемиле својата продажба на паметни телефони и технологии за 24,4 проценти и заработиле 86 милијарди долари, и покрај санкциите на САД.

Huawei споделија дека растот се зголемил за 23,2 проценти во првата половина од годинава, пренесува АП.

Ова се случува откако трговските преговори меѓу САД и Кина во Вашингтон завршија во петокот, без да се каже дали е решен статусот на Huawei.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој обвини  дека Huawei е безбедносен ризик, во мај воведе бариери во форма на пристап до американската технологија, како што се музика од Google, мапи и други услуги за паметни телефони.

Тогаш Вашингтон  го одложи стапувањето во дејство на некои санкции и посочи дека може да  дозволи да се продава одредена американска технологија, а претседателот на Huawei, Лианг Ху, во јули предупреди дека компанијата ќе има „проблеми“ во втората половина од годината.

Huawei најави дека ќе ги отстрани американските компоненти од своите паметни телефони и мрежната опрема и најави дека ќе создаде свој оперативен систем за да го замени Android системот на Google, доколку е потребно.

Компанијата објави дека во првите девет месеци од оваа година забележала раст од 26 проценти на продажбата на паметни телефони, во однос на истиот период лани, односно продала 185 милиони.

Вашингтон лобира во европски и други сојузници за да му забрани на Huawei да ја надоградува својата мрежа на 5G, но Германија, Франција и Ирска соопштија дека немаат планови да бранат ништо на кој било снабдувач.

Еден американски официјален претставник предупреди дека Вашингтон би можел да ја преиспита размената на разузнавачки информации со сојузниците доколку решат да користат мрежна опрема на Huawei.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e